Достапни линкови

Осудена британската двојка која планираше напад во Лондон


Британската двојка која беше обвинета за планирање на терористички напад во Лондон е осудена на доживотен затвор. 25 годишниот Мохамед Рехман и неговата 24 годишна сопруга Сана Ахмед Кан се осудени на минимална казна од 27 и 25 години. Рехман работел на бомба која можела да предизвика голем број на жртви кога го уапси полицијата на 28 мај. Според обвинителството, неговата сопруга му помогнала со тоа што купувала хемикалии потребни за производство на бомбата.

Обвинителството соопшти дека Рехман кој на социјалната мрежа Твитер бил под името „Тивкиот бомбаш“ побарал од неговите следбеници да му помогнат да го избере местото на нападот. Дали нападот да се изврши во шопинг центарот Вестфилд или во метрото во Лондон.

XS
SM
MD
LG