Достапни линкови

Директен контакт на пакистанската и авганистанската војска


Пакистанската војска соопшти дека Пакистан и Авганистан воспоставиле директна линија меѓу нивните воени команданти, при што денеска тие го оствариле првиот контакт. Портпаролот на пакистанската војска, Асим Бајва изјави дека директната линија била договорена за време на неодамнешната посета на Кабул на пакистанскиот воен командант Рахил Шариф. Пакистански медиуми претходно јавија дека двете земји се согласиле во 2011 година да воспостават воена директна линија со цел да се намалат тензиите поради пограничните немири и напади, но тоа досега не беше остварено.

XS
SM
MD
LG