Достапни линкови

Заев и ги предаде материјалите на Јанева


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска во Специјалното јавно обвинителство ги предаде материјалите кои ги поседува, а кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Меѓу материјалите спакувани во шест кутии кои Заев и ги предаде на специјалната обвинителка Катица Јанева, е и случајот „Монструм“.

Тој изјави дека причината поради која дури сега ги предава е што добил информација оти во обвинителство конечно се создадени услови за безбедно чување на материјалите. Заев додаде дека очекува Специјалното обвинителство да ги процесуира сите случаи кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

XS
SM
MD
LG