Достапни линкови

logo-print

Ќе се формира анкетна за аферата со лични карти


Собранието денеска ја прифати Предлог-одлуката за основање анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификување на лични карти, пасоши и други документи“. Иницијативата е поднесена и поддржана од 62 пратеника од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.

Опозицијата побара Предлог - одлуката да биде симната од дневен ред бидејќи, како што посочи пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, прашањето што се предлага како содржина за работа на комисијата е веќе опфатено со веќе формираната Анкетна комисија врз основа на договорот од Пржино. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, истакна дека нивна обврска е вистината за случајот да излезе пред јавноста.

XS
SM
MD
LG