Достапни линкови

logo-print

Поддршка за примирјето во источна Украина


Лидерите на Германија, Франција, Русија и Украина за време на денешниот телефонски разговор ја обновија нивната поддршка за примирјето во источна Украина. Кабинетот на француското претседателство соопшти дека четворицата лидери исто така ја реафирмирале и нивната посветеност за повлекување на тешкото оружје од борбената линија без одлагање.

Лидерите ја истакнале потребата за целосно спроведување на договорот од Минск во наредната година, вклучително и подготовките за локалните избори на почетокот на 2017 година во одредени делови на источна Украина кои се под контрола на проруските бунтовници.

XS
SM
MD
LG