Достапни линкови

logo-print

Во руските напади во Сирија загинале 2300 лица


Сириската организација за човекови права соопшти денеска дека во руските воздушни напади во последните три месеци загинале над 2300 луѓе во Сирија.Според организацијата, една третина од жртвите биле цивили, меѓу кои и 180 деца.

САД остро ја критикуваа Русија дека во нејзините воздушни напади во Сирија страдаат голем број цивили. Вашингтон ја обвини Москва дека со тоа ги поткопува напорите за постигнување примирје меѓу силите на режимот на претседателот Башар ал Асад и водечките бунтовнички групи.

XS
SM
MD
LG