Достапни линкови

Мемети реагира за третманот на бегалците


Народниот правобранител Иџет Мемети.

Народниот правобранител Иџет Мемети.

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска изрази загриженост дека повеќе од 1500 бегалци вчера во Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија цел ден и цела ноќ ја поминале на отворено. Причина за нехуманиот третман на бегалците, како што наведува Мемети е затворање на двата големи монтажни шатори како и блокирањето на железничката пруга од страна на такси возилата.

Народниот правобранител смета дека институциите надлежни за справување со бегалската криза, со ова покажуваат крајно несериозен однос и негрижа за бегалците кои повеќе од 24 часа се изложени на неповолни временски услови. Мемети препорачува денеска итно да се овозможи непречен транспорт на сите бегалци до Прифатниот центар „Табановце“ со користење на сите превозни средства.

XS
SM
MD
LG