Достапни линкови

Пензискиот фонд во сè поголема „була“


Архивска фотографија: Протести на пензионерите за донесување на буџетот за 2013 година.

Архивска фотографија: Протести на пензионерите за донесување на буџетот за 2013 година.

Во моментов на еден пензионер има по 1,8 вработени. Во 1991 година, на пример, на еден пензионер имало по тројца вработени. Придонесите не се доволни за да се исплаќаат пензии.

Дупката во пензискиот фонд која се пополнува со пари од буџетот од година в година е сè поголема. Парите уплатени за пензиски придонеси се далеку од доволни за исплата на пензиите, па остатокот се дополнува со пари од буџетот. Фондот за пензиско оваа година од државниот буџет добива 387 милиони евра, односно 43 отсто од парите потребни за функционирање. Во 2011, 35 отсто од трошоците на Фондот биле финансирани од државниот буџет, а во 2008 година тој процент бил 27 отсто, односно околу 165 милиони евра.

Пред сè популациониот фактор, интензитетот на вработеноста, односот вработен-невработен и тенденцијата на намалување на бројот на тие што се вработени во однос на пензионерите и овие тенденции ќе бидат влошувачки во наредниот период, така што проблемот е повеќе структурален, а не моментален. Друг аспект е тоа што на некој начин постојано од политички причини сè почесто се покачуваат пензиите, но дури и тоа да не се случи, сепак, дефицитот е структурален.

Академик Абдулменаф Беџети вели дека трендот на растечки дефицит на Фондот за ПИОМ е резултат на повеќе фактори и оти не постои краткорочно решение на овој проблем.

„Пред сè популациониот фактор, интензитетот на вработеноста, односот вработен-невработен и тенденцијата на намалување на бројот на тие што се вработени во однос на пензионерите и овие тенденции ќе бидат влошувачки во наредниот период, така што проблемот е повеќе структурален, а не моментален. Друг аспект е тоа што на некој начин постојано од политички причини сè почесто се покачуваат пензиите, но дури и тоа да не се случи, сепак, дефицитот е структурален“, вели Беџети.

На пензискиот фонд ќе му бидат потребни реформи за да функционира во иднина, а веројатно ќе се зголемува и возраста на пензионирање. Фондот за пензиско работи на принципот на генерациска солидарност, односно сегашните пензионери добиваат пензии од придонесите на сегашните вработени. Во моментов на еден пензионер има по 1,8 вработени. Во 1991 година, на пример, на еден пензионер имало по тројца вработени. Тој однос потоа постојано опаѓа до 2002 година, кога на еден пензионер има по 1,3 вработени. Тој однос се задржува до 2005 година, по што почнува да расте.

Дупката во пензискиот фонд се покажа и деновиве, откако приватните задолжителни пензиски фондови се пожалија дека државниот фонд доцни со префрлањето на парите на осигурениците и им должи околу 13 милиони евра.

Поранешната директорка на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување Зорица Апостоловска вели дека, и покрај доцнењето, тие пари се веќе впишани на сметките на осигурениците, но затоа што ги нема, не може да бидат оплодувани.

„Ненавременото трансферирање на тие средства значи всушност ускратување на тој период. Значи, колку се доцни, толку време нема да се инвестираат тие средства и тоа значи дека ќе бидат покуси за тој принос за тој период. Ова не би требало да се случува од причина што средствата се лично на членовите“, вели таа.

Државниот фонд за пензиско ги прибира придонесите за задолжително пензиско осигурување од сите вработени кои за тоа плаќаат по 18 отсто од бруто платата. За вработените по 2003 година, но и за оние вработени пред 2003 кои така избрале, Фондот за ПИОМ потоа една третина од придонесите треба да им префрли на еден од двата приватни фонда од вториот столб. Законскиот рок за префрлање на парите е пет дена, но приватните пензиски фондови за жалат дека парите на осигурениците доцнат и по повеќе од еден месец.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG