Достапни линкови

logo-print

Убиени 10 лидери на ИД во изминатиот месец


Портпаролот на меѓународната коалиција, полковникот Стив Ворен.

Портпаролот на меѓународната коалиција, полковникот Стив Ворен.

Во воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД загинале 10 лидери на милитантната група Исламска држава во изминатиот месец. Портпаролот на коалицијата, полковникот Стив Ворен изјави и дека меѓу загинатите имало и личности поврзани со терористичките напади во Париз на 13 ноември. Според него, другите кои биле целата на воздушните напади планирале понатамошни напади на западот.

Меѓу загинатите, како што наведе Ворен е и Абдул Кадер Хаким, кој организирал надворешни операции на милитантната група и имал врски со мрежата која ги изврши нападите на францускиот главен град. Тој бил убиен во ирачкиот град Мосул.

XS
SM
MD
LG