Достапни линкови

Во БиХ обвинети 16 лица, меѓу кои и двајца екс министри


Босанското обвинителство покренало обвинение против 16 лица, меѓу кои и двајца поранешни министри за врски со организиран криминал, перење пари и даночни измами во вредност од над седум милиони долари. Осомничените се обвинети дека оствариле незаконски профит во периодот меѓу 2007 и 2012 година преку отворање на голем број фирми, кои натрупувале големи долгови и потоа биле затворани без да се одјават. Меѓу осомничените се и Јерко Иванковиќ Лијановиќ и Милорад Бахил, кои ги предводеа министерствата за земјоделство и трговија.

XS
SM
MD
LG