Достапни линкови

Ирачкиот премиер го посети ослободениот Рамади


Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади

Ирачката национална телевизија јави дека премиерот Хаидер ал Абади пристигнал во Рамади со цел да го одбележи ослободувањето на градот од милитантната група Исламска држава. Ирачкиот командант, генералот Ахмед ал Белави заедно со премиерот оствариле средби со претставници на безбедносните сили и на локалните власти.

Ирачката војска вчера целосно го ослободи градот Рамади, по што Абади вети дека Ирак ќе биде ослободен од милитантите. Тој во телевизиско обраќање изјави дека наскоро ќе биде ослободен и градот Мосул, што според него, ќе претставува последен удар врз екстремистите.

XS
SM
MD
LG