Достапни линкови

Загинаа 18 луѓе во бомбашки напад во Пакистан


Пакистанската полиција соопшти дека во експлозија на бомба пред владина зграда во градот Мардан загинале 18 луѓе, а 28 биле повредени. Полицијата се обидува да утврди дали се работи за напад на бомбаш самоубиец или дали бомбата била прикачена на моторцикл. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Од милитантната група најавија дека ќе спроведат нови напади чија цел ќе бидат пакистанските власти.

XS
SM
MD
LG