Достапни линкови

САД: Иран префрла ниско збогатен ураниум во Русија


Вашингтон соопшти дека брод натоварен со 11 илјади килограми ниско збогатен ураниум отпловил од Иран кон Русија. Тоа, според оценките, претставува најголем чекор во исполнувањето на заложбите од нуклеарниот договор постигнат со главните светски сили. Според тој договор постигнат во јули годинава, Иран треба да задржи само 300 килограми ниско збогатен ураниум. Тој се употребува во нуклеарните централи, но со натамошни збогатување може да се примени и како нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG