Достапни линкови

Шилегов: евтин трик на ВМРО ДПМНЕ


Пратеникот и претседател на Анкетната комисија за прислушувањето Петре Шилегов реагира на двете доставени барања на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ: едното до претседателот на Собранието за свикување седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушуваните разговори и другото за формирање нова Комисија за таканаречената „фабрика за афери“. Според Шилегов, формирањето нова Комисија не е ништо друго, туку, како што оценува, евтин пропагандистички трик на ВМРО ДПМНЕ со цел да се избегне нивната одговорност и одговорноста на нивните функционери.

XS
SM
MD
LG