Достапни линкови

Протести пред Влада „Стоп за загадувањето“


Граѓаните денеска масовно излегоа на протести пред Владата против загадувањето на воздухот во Македонија. Демонстрантите држат пароли испишани со зборовите „Скопје стана Пекинг имате ли план?“, „Доста гушење“, „Стоп за загадувањето“, „Децата треба да дишат“, „Филтри наместо финти“ и „До кога себеуништување?“.

Многу од демонстрантите носат и заштитни маски, а поставена е и бина од каде се пушта музика. Тие бараат од Владата да преземе мерки со кои ќе се намали загадувањето на воздухот. Владата претходно соопшти препораки против загадувањето на воздухот.

XS
SM
MD
LG