Достапни линкови

Спасов ја обвинува Ременски за фабрикување афери


Заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов

Заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов

Заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов денеска реагираше дека Фросина Ташевска Ременски од самиот почеток на добивањето на функцијата технички министер за труд и социјална политика не ја криела добиената задача, а тоа, според него е блокирање на проектите во интерес на граѓаните и измислување и фабрикување афери. Спасов истакнува дека обвинувања на Ременски се без поткрепа и се обична клевета и манипулација.

Ременски претходно поднесе кривична пријава против него и службеничка на пробна работа во Министерството. Ременски, се наведува во реакцијата, со денешното поднесување на пријавата врши уште едно кривично дело, а тоа е лажно пријавување.

XS
SM
MD
LG