Достапни линкови

Осуден новинар во Азербејџан за велепредавство


Азербејџанските власти осудија проминентен новинар на шест години затвор под обвинение дека бил шпион на Ерменија. Групи за човекови права соопштија дека случајот е политички мотивиран.

Рауф Миркадиров е осуден за велепредавство, соопшти неговиот адвокат Фауд Агајев. Обвинителството соопшти дека Миркадиров бил регрутиран од ерменската тајна служба во 2008 година и го снабдувал Ереван со информации за Азербејџан. Миркадиров ги негираше обвинувањата и изјави дека тие се политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG