Достапни линкови

Ременски со кривична пријава против Спасов


Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски до Основното јавно обвинителство во Скопје поднела кривична пријава против сегашниот заменик министер Диме Спасов и службеничката Сузана Анова, која била на пробна работа во Министерството.

Кривичната пријава е за основани сомневања за злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење за Спасов додека беше министер за труд и социјална политика. Спасов се товари дека доверил овластување на службеник на пробна работа кое нема законско право да одлучува во управна постапка и во име на министерот да ги потпишува сите акти од социјална заштита.

XS
SM
MD
LG