Достапни линкови

logo-print

Евакуација во Сирија согласно договорот


Голем број на сунитски бунтовници се евакуираат од градот Забадани во западна Сирија, кој е под опсада на владините сили. Евакуацијата е согласно договорот со посредство на ОН со кој и стотици шиитски семејства ќе бидат префрлени на безбедни места од два града во северозападна Сирија кои се под контрола на бунтовниците.

Сунитските бунтовници се евакуираат со автобус до Бејрут од каде ќе бидат префрлени во Турција за подоцна да бидат однесени во бунтовничките региони во Сирија. Истовремено околу 300 семејства од покраината Идлиб отпатуваа за Турција од каде ќе бидат пренесени во Бејрут.

XS
SM
MD
LG