Достапни линкови

Рохани: мора да се поправи сликата за исламот


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека муслиманите мора да ја подобрат сликата на нивната вера која е расипана од екстремистички групи како Исламската држава. „Тоа е наша најголема должност“, изјави тој на Исламската конференција во Техеран. Рохани ги критикуваше муслиманските земји за „нивниот молк за убиствата и крвопролевањето во Сирија, Ирак и Јемен“. Иран ја поддржува владата на сирискиот претседател Башар ал Асад и им е сојузник на Хутите кои контролираат големи делови во Јемен во борбата против воената коалиција предводена од Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG