Достапни линкови

logo-print

Десетици загинати од невремето во САД


Најмалку 11 луѓе вчера загинале од торнадата или во сообраќајните несреќи предизвикани од нив во Тексас со што бројот на жртвите изнесува над 40 откако деновиве невреме го погоди југот на САД. Во околината на Далас торнадата кои се ретки во овој период на годината уништиле стотици домови. Во поплавите во Мисури и Илиноис загинале 13 лице, а повредени и штети имало и во Мисисипи, Тенеси, Арканзас и Алабама. Во американскиот Метеоролошки центар велат дека ваквото лошо време ќе продолжи и во наредните денови.

XS
SM
MD
LG