Достапни линкови

logo-print

Фронтекс ја започнува мисијата во Грција


Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ, Фронтекс, ќе го засили своето присуство во Грција, во рамките на мисијата за спречување на приливот мигранти во Европа. Мисијата наречена „Посејдон Рапид Интервеншн“ официјално почнува денеска, при што во Грција ќе бидат распоредени 376 офицери на Фронтекс и преведувачи. Меѓу припадниците на Фронтекс ќе има експерти за сослушување, претреси, земање отпечатоци од прсти и за проверка на документи од повеќе земји членки на ЕУ. Според податоците на Меѓународната организација за миграции, оваа година во Европа пристигнаа околу милиони бегалци и мигранти, главно преку Грција или Италија.

XS
SM
MD
LG