Достапни линкови

logo-print

Во Скопје денеска протест против загадувањето


Денеска попладне во 17 часот пред зградата на владата во Скопје е најавен вториот протест против загадувањето „Излези за воздух“, во организација на дваесетина граѓански организации. Организаторите велат дека нема време за чекање и оти надлежните треба да преземат итни мерки со кои ќе се заштити здравјето на луѓето. Инаку на вчерашната вонредна седница, македонската влада го задолжи министерството за животна средина на граѓаните да им препорача почесто да го користат јавниот превоз и да не ги користат сопствените возила без посебна потреба. Тие треба ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира повеќе лица во едно возило. Во последните недели воздухот во поголемите градови на Македонија е загаден над дозволеното ниво. Владата им препорача на работодавачите во Скопје и Тетово до 4 јануари да ги ослободат од работа бремените жени и постарите од 60 години. Препорачано е и почесто миење на улиците како и редукција на индустриските капацитети.

XS
SM
MD
LG