Достапни линкови

logo-print

Утре конститутивна седница на новиот Хрватски сабор


Утре на пладне во Загреб ќе се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот Хравтски сабор, чии членови беа избрани на 8 ноември. Како што јави Хина, седницата ја закажа хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во средата, откако Татковинската коалиција, предводена од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), и партијата Мост постигнаа договор за формирање парламентарано мнозинство и го предложија бизнисменот Тихомир Орешковиќ за мандатар за состав на новата влада.

Седницата првично беше закажана за 3 декември, но беше прекината набрзо по нејзиниот почеток, откако единствениот кандадат за претседател на Саборот, Роберт Подолњак од партијата Мост ја повлече својата кандидатура, затоа што беше јасно дека нема да добие доволно гласови за да биде избран на функцијата, во услови кога не постоеше договор за обезбедување парламентарно мнозинство.

Согласно договорот меѓу Татковинската коалиција и Мост, кандидат за претседател на Саборот на утрешната седница ќе биде Жељко Рајнер од ХДЗ, кој се очекува да биде избран на функцијата без проблеми, имајќи предвид дека нивното парламентарано мнозинство брои 78 пратеници, а за избор се потребни најмалку 76 гласа.

XS
SM
MD
LG