Достапни линкови

logo-print

Издадени нови над 4.000 потврди за барање право на азил


Вкупно 4.026 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил се издадени во изминатото деноноќие, соопшти полицијата. Од потврдите, 1.616 се за машки лица, 881 за женски, 1.512 се за деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 17 за деца кои патуваат без родител. Според државјанството, најбројни се лицата од Сирија 1.706, Ирак 1.233 и Авганистан 1.087.

Од 19 јуни до вчера, се издадени потврди на вкупно 373.303 странски државјани, од кои 202.792 машки, 62.750 женски, 89.683 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 18.078 деца кои патуваат без родител. Според државјанството, најбројни се лицата од Сирија 209.002, Авганистан 92.183, Ирак 50.677, Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, Мароко 1.317, Конго 514, Алжир 453, Либан 434, Нигерија 279, додека останатите се во помал број.

XS
SM
MD
LG