Достапни линкови

logo-print

Израелската армија застрела двајца Палестинци


Израелската армија соопшти дека нејзините сили застрелале двајца Палестинци, кои избоделе и раниле израелски војник во окупираниот Западен Брег. Војската денеска информираше дека двајцата Палестинци го избоделе војникот во селото Хевара, во близина на градот Наблус. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека двајцата Палестинци биле роднини, на возраст од 17 и 23 години. Инцидентот доаѓа еден ден откако во Ерусалим израелски полицаец уби Палестинец кој носел нож. Инцидентите се последни во двонеделното зголемено насилство.

XS
SM
MD
LG