Достапни линкови

logo-print

Жртви во судири меѓу турските сили и курдските бунтовници


Во размена на оган на турските безбедносни сили и курдските бунтовници на југоистокот на Турција убиени се тримесечно бебе и уште еден член на семејството, соопштија локалните власти. Семејната куќа на жртвите во југоисточниот турски град Чизре се најде во вркстен оган во петокот вечерта, откако се интензивираа судирите меѓу турските сили и припадниците на Курдската работничка партија (ПКК). Дедото на бебето се нашол во вкрстен оган, додека го носел девојчето кон возилото на итна помош, изјавија очевидци. Дедото и внуката починале набрзо после тоа во болница, наведуваат медицински извори

XS
SM
MD
LG