Достапни линкови

logo-print

Земан: Бранот бегалци е организирана инвазија


Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека бранот бегалци кој оваа година дојде во Европа е „организирана инвазија“ и оти младите Сиријци и Ирачани треба да се борат против групата на Исламската држава. Земан во својата телевизиска порака за Божиќ рече дека е „длабоко убеден“ дека повеќе од еден милион бегалци кои пристигнаа во Европа во 2015 година, биле организирани и дека тоа не било „спонтано движење на бегалците.“ Тој рече дека сочувството е можно за старите, болните и децата, но не за млади луѓе кои, како што рече, треба да земат оружје и да се борат против групата на Исламската држава. „Се прашувам зошто овие млади луѓе не земат оружје и не одат да се борат за слобода на нивните земји против Исламската држава“, рече Земан. Тој поттикна контроверзи кога во ноември присуствуваше на анти - исламситички митинг во Прага. Чешкиот премиер Бохуслав Соботка рече дека коментарите на Земан биле базирани „на предрасуди и на неговото вообичаено поедноставување на работите.“

XS
SM
MD
LG