Достапни линкови

Шефот на пакистанската армија одржа разговори во Кабул


Шефот на пакистанската армија одржа разговори во Кабул со високи авганистански претставници, како дел од новите напори за заживување на разговорите меѓу авганистанската Влада и екстремистичката група на Талибанците. Генералот Рахел Шариф днеска во Кабул се сретна со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и главниот извршен директор Абдула Абдула. Заменик портпаролот на Абдула, Џавед Фаисал за Радио Слободен Авганистан изјави дека „претставниците дискутирале за мировниот процес во Авганистан, заедничките интереси и безбедноста.“ Тој додаде дека „разговорите биле плодни“, но не даде детали. Генералот Рахел Шариф претходно рече дека во Авганистан оди со „искреност и оптимизам“ со цел да се постигне подобро управување со границата и да се разговара за авганистанскиот мировен процес. Посетата на Шариф доаѓа две недели по регионалната конференција во Исламабад, свикана за продолжување на авганистанско - талибанските мировни преговори.

XS
SM
MD
LG