Достапни линкови

Британец веслаше 209 денови низ Пацификот


Британскиот авантурист Џон Биден стана првиот човек кој веслаше сам и нон - стоп низ Тихиот Океан. Биден помина 7.400 наутички милји низ Тихиот Океан, кога на 27 декември стигна во северна Австралија. „Да се биде првиот човек што постигнал вакво нешто и во ваков обем е навистина неверојатно“, рече тој. 53 - годишниот Биден, на 1 јуни го напушти Сан Франциско со брод долг шест метри. Тој 209 денови веслаше 15 часа дневно. Неговото пристигнување беше одложено за околу еден месец поради лоши временски услови. Во 2011 година тој веслаше 2.600 наутички милји 53 дена низ Атланскиот Океан. Но, вели дека патувањето низ Пацификот е потешко.

XS
SM
MD
LG