Достапни линкови

Повеќе од 20 загинати во жестоки бури во САД


Четри смртни случаи предизвикани од силно торнадо во Тексас го зголемија бројот на жртви на 22 лица, по жестоките бури во јужниот дел на САД. Торнадото во и околу градот Далас вчера оштети и уништи десетици домови. Претходно беа пријавени 18 смртни случаи во државите Мисисипи, Тенеси, Арканзас и Алабама, каде исто така се повреедени повеќе од 60 луѓе, повеќето од нив сериозно. На аеродромот во Далас, кој е еден од најпрометните во САД, привремено беа суспендирани сите летови за време на предупредувањата за торнадотот.

XS
SM
MD
LG