Достапни линкови

logo-print

Издадени 3.275 потврди за право на азил


Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.275 странски државјани. Од нив 1.312 се од машки пол, 687 се од женски, 1.268 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 1.305, Ирак - 1.048 и Авганистан – 922. Од 19 јуни годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 369.277 странски државјани, од кои, 201.176 се од машки пол, 61.869 се од женски, 88.178 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.061 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

XS
SM
MD
LG