Достапни линкови

logo-print

Уапсен поранешниот српски министер Слободан Милосављевиќ


Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

Во рамки на досега најобемната акција за борба против корупцијата во Србија, српската полиција упаси 79 лица, меѓу кои се и поранешниот министер за трговија и за земјоделство Слободан Милосављевиќ, неколкумина некогашни помошници министри и директори на јавни претпријатија, како и повеќе бизнисмени, јави Танјуг. Како што соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, уапсените се товарат дека на државата и нанеле штета од над 100 милиони евра. Стефановиќ на вонредна прес-конференција во Белград информираше дека акцијата е спроведена врз основа на истраги водени уште во 2004 година. „Акцијата ќе продолжи и немкој нема да биде поштеден“, порача Стефановиќ, додавајќи дека веќе се поднесени кривични пријави против 39 лица. Милосављевиќ, кој е член на опозициската Демократска партија (ДС), беше министер за трговија, туризам и услуги од 2001 до 2004 во владите на Зоран Ѓинѓиќ и Зоран Живковиќ. Од 2007 до 2008 беше министер за земјодлество во Владата на Војислав Коштуница, а потоа од 2008 до 2011 и министер за трговија и услуги во Кабинетот на Мирко Цветковиќ.

XS
SM
MD
LG