Достапни линкови

logo-print

Француска новинарка протерана од Кина


Кинеските власти информирале дека француска новинарка која го критикувала третманот на муслиманското малцинство Ујгури, ќе треба да ја напушти земјата до 31 декември. Урсула Готје, соработник од Пекинг за неделен француски магазин, за западните новински агенции рекла дека кинеското Министерство за надворешни работи побарало од неа да го повлече извештајот и да се извини. Нејзиниот напис кој сугерира дека Кина ги користи нападите во Париз за да оправда кампањи против Ујгурите, предизвика осуда од Пекинг и кампања во медимите контролирани од државата. Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека жали што на новинарката не и била продолжена визата.

XS
SM
MD
LG