Достапни линкови

logo-print

Уништена муслиманска сала за молитви на Корзика


Муслиманска сала за молитви била демолирана на Корзика, еден ден откако се случи напад врз пожарникари во кој двајца беа повредени и еден полицаец. Десетици луѓе вчера се собраа во главниот град Ајачо за да ја покажат совојата поддршка за повредените. Собирот станал насилен, а некои од толпата се обиделе да ја оштетат собата за молитви. Властите соопштија дека пожарникарите биле нападнати од страна на „неколку маскирани млади“, кога реагирале на повик во сиромашна населба. Франсцускиот премиер, Мануел Валс на Твитер напиша дека упадот е „неприфатливо сквернавење“, но исто така го осуди и „недопустливиот напад“ врз пожарникарите. Насилството се случи во услови на зголемени безбедносни мерки во Франција, по нападите на 13 ноември во Париз во кои беа убиени 130 луѓе.

XS
SM
MD
LG