Достапни линкови

12.000 кандидати на парламентарните избори во Иран


Речиси 12.000 кандидати, вклучително 1.200 жени се регистрирани за парламентарните избори во Иран, соопшти Министерството за внатрешни работи. Неколку поранешни минстри и пратеници, внук на командантот на иранските елитни сили Касем Солеимани и еден од синовите и ќерката на поранешниот претседател на Иран, Али Акбар Хашеми Рафсанџани, се меѓу нив. На последните парламентарни избори во 2012 година, околу 5.000 кандидати бараа мандати. Изборите за 290 места во Парламентот ќе се одржат на 26 февруари 2016 година.

XS
SM
MD
LG