Достапни линкови

Рахмон лидер на нацијата со доживотен имунитет


Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон потпиша закон со кој му се дава титулата „Лидер на нацијата“ и со кој си обезбедува доживотен имунитет од кривично гонење. Законот кој едногласно беше донесен од горниот и долниот дом на Парламентот на почетокот на месецот, официјално го прогласува Рахмон за основач на мирот и националното единство на Таџикистан и наведува дека тој не може да биде гонет за дела кои ги направил за време на неговото владеење. Законот исто така ги штити сите роднини на 63 годишниот Рахмон, кој е на власт во Таџикистан од 1991 година по распадот на Советскиот сојуз.

XS
SM
MD
LG