Достапни линкови

Турција цел на моќен сајбер напад


Турските интернет сервиси биле цел на моќен сајбер напад кој ја отежна работата на банките и јавните институции во земјата. Нападнат бил доменот „тр“ кој се користи од министерства, банки и трговски претпријатија. Невладини организации кои ги администрираат нивните веб сајтови соопштија дека нападите биле предизвикани од организирани извори надвор од Турција. Министерот за транспорт и комуникации Бинали Јилдирим истакна дека се работи за сериозен напад.

XS
SM
MD
LG