Достапни линкови

Русија и Катар со охрабрување до сириската опозиција


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека неговата земја и Катар се согласиле да ја охрабрат сириската опозиција да земе учество во преговорите со сириските власти. Лавров ја даде изјавата по средбата со катарскиот министер за надворешни работи Халид бин Мохамад ал Атијах во Москва.

Лавров истакна дека има подготвеност кај противниците на Асад, како Катар за започнување на преговорите меѓу сириската власт и опозиција. Според него, едно од најважните прашања за Сирија се разликите меѓу Русија, Катар и други земји за легитимноста на моменталното сириско раководство.

XS
SM
MD
LG