Достапни линкови

Србија не го поддржува Косово во ОН


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека неговата земја нема да го поддржи членството на Косово во меѓународните организации. Тоа, според него, би значело легализација на еднострано прогласената независност на Косово, вклучувајќи и ги ОН.

Во однос на изјавата на американскиот амбасадор Мајкл Кирби, тој потсетува дека САД и Србија имаат различно гледање на еднострано прогласената независност на Косово. Кирби во интервју за „Новости“ изјави дека нормализацијата на односите Белград и Приштина подразбира членство на Косово во ОН.

XS
SM
MD
LG