Достапни линкови

Папата Франциско за Божиќ повика на правичност


Папата Франциско за Божиќ повика на правичност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Папата Франциско за Божиќ повика на правичност

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциско, за време на традиционалната Божиќна полноќна миса во црквата Свети Петар, ги повика верниците на трезвеност и чувство на правдина во општеството полно со, како што рече, „нарцизам“.

Папата побара од сите, како што рече, „опиени“ од имоти и површни работи да им се вратат на основните вредности на животот.

Прославата на годинашното одбележување на Божиќ во базиликата Свети Петар, Франциско, кој веќе три години е Папа на Римокатоличката црква, ја посвети на барањето за трезвеност и сочувство за помалку среќните.

Божиќ, како што рече, е време луѓето да откријат кои се.

„Во општество кое најчесто е затруено од конзумеризам, хедонизам, богатство и екстравагантност, детето Исус не повикува да се дејствува разумно, на начин кој е едноставен, доследен и кој овозможува да се види суштинското значење на работите“, изјави тој во неговата проповед при што ги повика верниците на трезвеност и чувство на правдина во „општеството полно со нарцизам“.

Во светот кој понекогаш е груб спрема грешникот, а мек спрема гревот, неопходно е да се негува чувството на правичност.
Папата Франциско.

79-годишниот Франциско од Аргентина и во неговата најнова беседа ги повтори клучните теми на неговото раководење со Римокатоличката црква: милост, сочувство и правда.
„Во светот кој понекогаш е груб спрема грешникот, а мек спрема гревот, неопходно е да се негува чувството на правичност“, изјави Папата пред околу 10 илјади верници во Ватикан.

​Иако црквата не ја менува нејзината фундаментална доктрина, повикот на Франциско, според аналитичарите, е повик да се биде повеќе милослив и спрема хомосексуалните или разведените.

Конзервативците ги критикуваа некои претходни негови изјави, како веќе познатата „Кој сум јас да им судам“ во врска со хомосексуалците кои бараат добра волја од Господ. Според нив, ваквите изјави внесувале само забуна меѓу верниците.

Безбедносните мерки во Ватикан вообичаено се зголемени за време на Божиќните празници. Но, овој пат сите кои сакаа да влезат во црквата мораа да минат низ детектори за метал.

Дел од верниците велат дека иако се чувствуваат сигурни сепак биле загрижени.

„Загрижени? Да атмосферата не прави да сме загрижени. Гледам дека сега малку е поинаку. Има многу полиција и детектори“, вели Ердер Мацочи од Рим, додавајќи:

„Но, не треба да дозволиме да бидеме уплашени, треба да се чувствуваме нормално“, вели тој.

Францускиот турист Давид Прово вели дека бил импресиониран од тоа како е обезбеден Рим.

„Се чувствувам безбедно сега во Рим. Минав една недела и беше одлично“, вели Прово.

Инаку, Божиќ на 25 декември го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Преостанатиот православен свет, кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божиќ ќе го одбележат на 7 јануари.

XS
SM
MD
LG