Достапни линкови

Арапската лига бара повлекување на турските војници од Ирак


Арапската лига побара од Анкара веднаш да ги повлече турските војници од Ирак и да го почитува суверенитетот на земјата. Барањето е наведено во заедничката изјава за време на вонредниот состанок на панарапската организација во нејзиното седиште во Каиро. Состанокот е одржан на барање на Ирак, со цел да се изврши притисок на Турција. Министрите за надворешни работи на арапските држави ја повторија осудата поради распоредувањето на турски војници во Ирак. „Турскиот воен упад во Ирак очигледно е кршење на меѓународното право и на ирачкиот суверенитет“, изјави претседателот на Арапската лига Набил ал Араби.

XS
SM
MD
LG