Достапни линкови

Времето денеска: сончево со мала облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој особено ќе биде изразен долж Повардарјето. Магла ќе има, но само по одделни котлини и тоа во утринските часови. Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од девет до 16 степени. Во Скопје ќе има утринска слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

XS
SM
MD
LG