Достапни линкови

Груевски-СДСМ со фалсификати сака да ги добие изборите


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека СДСМ би биле најсреќни да нема избори и тоа веќе се гледало од нивните изјави. Тој во интервју за ТВ Сител нагласи дека што се однесува до ВМРО ДОМНЕ избори мора да има и СДСМ мора да се соочат со народот, а не да бегаат и да поставуваат услови што ги нема во ниту една држава.

.Во однос на аферата со лични карти, Груевски посочи дека бил шокиран од откритијата на Обвинителството. Според него, СДСМ сакала изборите да ги добијат со фалсификати, но сега и тоа им се урнало. Тој изрази и жалење што некои политички партии спаднале на тоа дереџе да се надеваат дека на таков начин ќе дојдат на власт или ќе ја добијат довербата на граѓаните. Според него, тоа не е политика, туку дрзок криминал.

XS
SM
MD
LG