Достапни линкови

logo-print

Позитивен тренд во односите со Грција, но тоа нема да го реши спорот


Годината што изминува беше година на предизвици, вели министерот Никола Попоски. Членството во ЕУ и НАТО, надминување на спорот со Грција, остануваат приоритети. За односите со Грција, Попоски рече дека тие бележат позитивен тренд, но дека не е реално тој тренд сам по себе да го реши дводеценискиот спор.

Членството во Европската унија и во НАТО останува еден од главните приоритети на надворешната политика на Македонија, земјата и натаму ќе биде ангажирана да го надмине спорот за името со Грција, ќе продолжи да придонесува во сузбивањето на тероризмот и активно да биде вклучена во рамките на ОБСЕ. Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика имаше излагање за ангажманот на Министерството за надворешни работи во насока на реализација на приоритетните цели на македонската дипломатија.

Во однос на главните приоритети, членството во ЕУ и НАТО останува основен приоритет кон кој се стремиме. Оваа година процесот на евроинтеграции се одвиваше во светло на политичката криза во чие надминување придонес даде и еврокомесарот Хан, а учествуваа и тројца европратеници.

Две илјади и петнаесетта беше година на предизвици во земјава, во регионот и во целиот свет, рече Попоски истакнувајќи дека тие сериозно ја доведуваат во прашање безбедноста на државите. Тој рече дека Македонија сериозно е засегната од напливот на бегалците и мигрантите, дека земјата адекватно и одговорно се справила со кризата, но дека таа бара координиран и глобален ангажман во адресирањето на хуманитарните и безбедносни аспекти. Попоски рече дека заканите од тероризмот се заедничко глобално зло за кое е потребен заеднички одговор и соработка на државите и клучот за тоа е постигнување на мир во Сирија и во регионот на Блискиот Исток, рече Попоски.

„Во однос на главните приоритети, членството во ЕУ и НАТО останува основен приоритет кон кој се стремиме. Оваа година процесот на евроинтеграции се одвиваше во светло на политичката криза во чие надминување придонес даде и еврокомесарот Хан, а учествуваа и тројца европратеници“, рече Попоски.

За односите со Грција, Попоски рече дека тие бележат позитивен тренд, но дека не е реално тој тренд сам по себе да го реши дводеценискиот спор.

По неговото излагањето пратениците до него упатија низа прашања. Павле Трајанов од партијата Демократски сојуз, меѓу другото праша и дали Македонија има платформа за надминување на спорот со името.

„Дали е можно Македонија да биде во една дипломатска офанзива околу надминување на овој спор, или и натаму ќе чекаме некој од страна, дали посредникот Метју Нимиц, дали Грција или некој друг да предлега решенија или некаков компромис“, праша Трајанов.

„Јас мислам дека никој нема дилема околу тоа дека имаме став и дека тој став е многу јасен. Исто така немаме никаква дилема дека тој став е различен од тоа што ни го бара тој што го бара тој што ни го има наметнато. Во однос на тоа не бараме ништо непринципиелно. Нашиот став е истите меѓународно – правни стандарди, истите демократски стандарди кои се применуваат врз другите држави, да важат и за Република Македонија“, рече Попоски.

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ го прашаа за придонесот на Министерството за надворешни работи во привлекувањето на странските инвестиции и за иселениците во дијаспората. Хари Локвенец од СДСМ дали министерството презема мерки за спречување на големиот одлив на младите од Македонија?

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG