Достапни линкови

Последен 24 декември за Груевски, порача Заев


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска пред Собранието изјави дека ова е последен 24 декември за владата на премиерот Никола Груевски и оти Македонија ќе стане земја со слобода на говор и слобода на одлучување. Тој потсети дека на денешен ден, пред три години, власта на Груевски брутално ја погазила парламентарната демократија во Македонија.

Според Заев, власта прекршила устав и закони и ја искористила полицијата да ги штити, при што исфрлила и новинари и пратеници од собраниската сала. Тој нагласи и дека тоа што го направиле Груевски и неговите соработници тогаш, се обидуваат да го прават и сега, односно затвораат врати за граѓанскиот сектор и бркаат новинари од анкетната комисија, каде што треба да се соочат со вистината.

XS
SM
MD
LG