Достапни линкови

Југохром нема да работи до крај на февруари


„Југохром Фероалојс“ од Јегуновце на 31 овој месец ќе ги исклучи двете печки што се во функција и нема да работи до крајот на февруари следната година, соопшти денеска управата на компанијата. Според компанијата, одлуката била донесена доброволно и оти имале слух за состојбата со загадувањето на воздухот во Тетово. Од Југохром наведуваат и дека фабриката не е единствениот, ниту најголемиот загадувач во регионот.

XS
SM
MD
LG