Достапни линкови

Заев: Последен 24 декември за власта на Никола Груевски


Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев денеска пред Собранието рече дека ова е последен 24 декември за власта на Никола Груевски и оти Македонија ќе стане земја со слобода на говор и слобода на одлучување. Тој потсети дека на денешен ден, пред три години, власта на Груевски брутално ја погази парламентарната демократија во Македонија. „Прекршија Устав и закони. Ја искористија полицијата да ги штити. Исфрлија новинари и пратеници од собраниската сала. Зад затворени врати, тесната група околу Груевски го раскрчми буџетот на граѓаните. Тоа што го направија Груевски и неговите соработници тогаш, се обидуваат да го прават и сега. Затвораат врати за граѓанскиот сектор. Бркаат новинари од Анкетната комисија, каде што треба да се соочат со вистината“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG