Достапни линкови

Закана за напади на странски државјани во Пекинг


Кинеската полиција ги зајакнала мерките за безбедност во реон во Пекинг популарен меѓу странци по предупредувањето од неколку амбасади за можно закани против нивни државјани. Американската, британската, француската и други амбасади соопштија дека добиле закани против државјаните од западните земји кои престојуваат во реонот Санлитун за време на божиќ. Полицијата вооружена со пушки го чува реонот во кој има неколку продавници на популарни брендови и неколку амбасади.

XS
SM
MD
LG