Достапни линкови

Студентски пленум – Ректорот прави замена на тези


Во Студентскиот пленум велат дека во недостиг од вистински одговори зошто не се гради на посоодветни локации, првиот човек на Универзитетот манипулира со тезите.

Од Студентскиот пленум велат дека се зачудени од неаргументираните напади од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Велимир Стојковски, откако тој кажа дека во редовите на Пленумот има консултант кој конкурирал на проектот за изградба на барокните згради во факултетскиот кампус.

Ние сме зачудени како лани ректорот беше со нас во борбени редови за Законот за високо образование, а за факултетските згради нè напаѓа. Ректорот постојано повторува дека не е виновен за ова што се случува. Тогаш зошто во имотниот лист што го извадивме од Катастaрот пишува дека УКИМ има право на користење на тоа земјиште, а не државата, како што се правда ректорот.

Деа Здравковска, која е член на Пленумот, изјави дека во Студентскиот пленум учествуваат само студенти, а лицето кое ректорот го посочува е член на младинската организација „Мугра“.

„Студентскиот пленум е зачуден од реакцијата на ректорот дека ние имаме консултант. Само студенти се дел од Пленумот. Студентскиот пленум нема никаква поврзаност со младинската организација Мугра“, вели студентката Здравковска.

Од Пленумот повторија дека во ниту еден момент не ја оспоруваат потребата од градби на нови згради за колегите од ФИНКИ и Факултетот за физичка култура и го прашуваат ректорот дали недостатокот од вистински одговори зошто не се гради на посоодветни локации е она што, како што се вели во нивната реакција, го тера првиот човек на Универзитетот да манипулира со тезите.

„Ние сме зачудени како лани ректорот беше со нас во борбени редови за Законот за високо образование, а за факултетските згради нè напаѓа. Ректорот постојано повторува дека не е виновен за ова што се случува. Тогаш зошто во имотниот лист што го извадивме од Катастaрот пишува дека УКИМ има право на користење на тоа земјиште, а не државата, како што се правда ректорот“, прашува студентката Здравковска.

Студентите порачуваат дека станува збор за неодговорно однесување на ректорот и на сенаторите и оти тие ќе ги трпат последиците и тие ќе бидат одговорни за хаосот кој ќе настане заради лошото управување со просторот.

Во меѓувреме истече и рокот што Професорскиот пленум го даде на ректорот на УКИМ да закаже итна јавна седница на Сенатот. Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски изјави дека таква седница денеска нема да се одржи.

Професор Гордана Поп Симонова од Професорскиот пленум најави став за утре по состанокот на кој ќе присуствуваат и претставници од „Мугра“.

„Имаме голем состанок заедно со Студентскиот пленум и со младинската организација „Мугра“. Ќе ги разгледаме сите точки за нашето понатамошно дејствување“, вели професор Поп Симонова.

Студентските движења кои продолжуваат бурно да реагираат поради изградбата на двата барокни факултети, велат дека и натаму има шанси за дијалог со ректорот за наоѓање решение. Но, исто така од Студентскиот пленум информираат дека ректорот им понудил четири сенаторски места, но дека тие одбиваат да бидат нелегитимно делегирани во Сенатот.

„Ние ќе си останеме достојни на нашите барања и се надеваме дека ќе имаме можност за некаков дијалог, со тоа што се надевам дека на следните дијалози нема да бидат понудени повеќе сенаторски места“, вели Здравковска.

На студентското движење му се потребни системски промени, а не ад хок политички пазарења, велат од Студентскиот пленум.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG